Со потврдување на Вашата нарачка се согласувате Контролорот МЕБЕЛМК-ОНЛАЈН Д.О.О. СКОПЈЕ,, Скопје, да изврши прибирање, чување, обработка и пренос на Вашите лични податоци и тоа: Име и презиме, телефон за контакт, адреса за достава и опционално електронска пошта.
 
Контролорот ќе го врши прибирањето, чувањето, обработката и преносот на личните податоци на законски начин, согласно одредбите и начелата на Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ бр.40/20), заради остварување на следните цели: исполнување на договорна обврска – достава на нарачаниот производ, како и за идни маркетинг цели. Преносот на личните податоци може да се врши на сервери кои исполнуваат високи технички стандарди на безбедност и заштита на електронски системи и кои може да се наоѓаат на територија на Република Северна Македонија, како и во странски земји кои ги исполнуваат соодветните критериуми согласно закон и врз основа на одобрение на Агенцијата за заштита на личните податоци.
 
Контролорот Ве известува дека имате право да извршите увид во Вашите лични податоци, да побарате нивна измена, како и да побарате Вашите лични податоци да бидат избришани од нашата база на податоци. Овие права може да ги остварите со поднесување на Ваше барање на следните начини: преку електронска пошта на info@kivigo.mk,  или може да го контактирате Офицерот за заштита на лични податоци АЈЛА ЦЕМАИЛ на електроснката пошта İnfo@kivigo.mk или телефонскиот број 071-444-385
 
Согласно член 38 од Законот за заштита на личните податоци, Контролорот ќе Ве извести за секое нарушување на безбедноста на Вашите лични податоци кое може да доведе до прекршување на Вашите права како субјект на лични податоци.
 
Контролорот ќе ги чува Вашите лични податоци 1(една) година од последната направена нарачка. Во случаи кога производот кој го имате нарачано односно купено, подлежи на гарантен рок подолг од 1(една) година, Контролорот ќе ги чува Вашите податоци за целото времетрање на гаранцијата, а заради остварување на Вашите законски права кои произлегуваат од гаранцијата.
 

Политика на користење на „колачиња“ (COOKIES)

1. Што претставуваат „колачиња“(cookies)?

Колачињата(cookies) претставуваат мали текстуални датотеки(фајлови), кои се сметуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате на интернет. Овие датотеки можат да бидат прочитани од веб страниците кои ги посетувате и да придонесат во Вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страната. Овие текстуалн датотеки можат да се идентификуваат како „постојани“ или „привремени“. Постојаните колачиња(cookies) остануваат на Вашиот компјутер и откога ќе го исклучите интернет пребарувачот, за разлика од привремените кои се бришат кога ќе го затворите интернет пребарувачот. Колачињата(cookies) можат да се користат за повеќе цели, како на пример да се запомнат Вашите активности или преференции, а се со цел да се обезбеди персонализирана и приспособена содржина на веб страницата и да се прикаже историјата на пребарување на истата.

2. Зошто користиме „колачиња“(cookies)?

На веб страницата www.kivigo.mk користиме колачиња(cookies) од следните причини:

• За подобро техничко функционирање на страната;

• За подобрување на корисничкото искуство;

• За оптимизирање и унапредување на фунционалноста на веб страницата;

• За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страната (големина на фонт, контраст на боја итн.)

• За да запомниме дали се согласувате(или не) со нашето користење на колачиња(cookies) на оваа веб страница;

• Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето претходно пребарување, како на пример IP адресата,

која содржина сте ја пребарале на нашата веб страница, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.

3. Каков вид на „колачиња“(cookies) користиме?

Веб страницата www.kivigo.mk користи трајни колачиња(cookies), кои го памтат пребарувањето кога корисникот ќе го исклучи интернет пребарувачот, се со цел да се задржи состојбата на корисникот.

4. Дали може да се избришат или контролираат „колачињата“(cookies)?

Информациите поврзани со колачињата(cookies) не се користат и не можат да се користат за Ваше лично идентификување. Прифаќањето на користење на овие колачиња(cookies) не е неопходно потребно за работа на нашата веб страница, но истите би Ви овозможиле подобро искуство во пребарувањето. Доколку не сте согласни со користењето на овие веб колачиња(cookies) истите може да ги избришете или блокирате, но во тој случај некои карактеристики на оваа веб страница можеби нема да работат правилно. Можете да ги избришете сите колачиња(cookies) кои веќе се наоѓаат на Вашиот компјутер и можете да ги подесите поголемиот дел од интернет пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потрба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат кога ја посетувате оваа веб страница, а исто така можно е да не работат некои услуги и функционалности.

5. Прифаќање на условите

Како корисник, Вие имате можност да дадете согласност за користење на колачиња(cookies) или да го одбиете истото. Со користење на колачињата(cookies) Вие се согласувате со Политиката за користење на колачиња(cookies). Вашето континуирано користење на оваа веб страница следејќи ги нејзините промени ќе се смета како да се согласувате со дадените промени. Кога за прв пат ќе пристапите на страната на www.kivigo.mk може да добиете порака која што Ве известува дека користиме колачиња(cookies). Со кликнување на „се согласувам“, со затворање на прозорецот за колачиња(cookies) или со продолжување на посета и користење на нашата веб страница Вие изјавувате дека сте ја разбрале и се согласувате со употребата на овие датотеки, како што се објаснети во оваа Политика за користење на колачиња(cookies), при што може да ги промените подесувањата во Вашиот интернет пребарувач за да го органичите или забраните колачињата(cookies).